Home / Вести / Последни вести / Извршниот директор, г. Зекири, говорник на Младинскиот форум за економската демократија и сопственоста на вработените

Извршниот директор, г. Зекири, говорник на Младинскиот форум за економската демократија и сопственоста на вработените

Извршниот директор, г. Зекири, говорник на Младинскиот форум за економската демократија и сопственоста на вработените

19.06.2025, Скопје – Извршниот директор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, г. Дурим Зекири, беше панелист на Младинскиот форум за економската демократија и сопственоста на вработените, кој се одржа во рамки на проектот „Обликување на иднината на работата“, спроведуван од организацијата АРНО и Институтот за економска демократија од Словенија.

Г. Зекири учествуваше како панелист во сесијата со тема: „Корпоративна култура, талентот на младите и наследството на бизнисот – предизвик или можност за компаниите од Македонија и Словенија“. Во панелот учествуваа и Себастјан Пикл од Институтот за економска демократија (IED), проф. Димитар Јовевски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и г-ѓа Александарa Шолдова Спасовска од организацијата Women in Tech.


Во однос на работната сила и нејзиното влијание врз економската благосостојба, 76% од БДП произлегува од куповната моќ. Северна Македонија губи талентирана млада работна сила и куповна моќ истовремено, што се клучни фактори за растот на бизнисите и економијата воопшто. СКСЗМ пред неколку години предвиде дека земјата ќе се соочи со недостаток на работна сила како резултат на ниското ниво на конкурентност. Како држава, не сме конкурентни во регионот – не нудиме поволни услови за компаниите како соседните земји, а од друга страна сме меѓу најскапите во регионот по однос на трошоците за бруто плати за работодавачите. За нето плата од 1.000 евра, работодавачот во Северна Македонија плаќа уште 520 евра придонеси, што претставува 52%, додека овој процент е значително понизок во земјите од регионот – истакна г. Зекири.

Учеството на СКСЗМ на овој форум ја потенцира посветеноста на Комората да биде активен глас во дискусиите поврзани со иднината на работата, ангажирањето на младите и создавањето поповолна клима за економски развој. СКСЗМ продолжува да ги адресира потребните политики насочени кон задржување на работната сила во земјата и спречување на понатамошно иселување.