Извршната канцеларија на СКСЗМ успешно ја заврши обуката Создавање култура на грижа за клиентите
Извршната канцеларија на СКСЗМ успешно ја заврши обуката Создавање култура на грижа за клиентите, спроведена во четири дела. Обучувач на оваа тема беше г-дин Нико Берберу, експерт за продажба со долгогодишно искуство.
Ваквите обуки му овозможуваат на персоналот да стекне нови вештини и преку нивна проактивна примена во секојдневната работа да постигне високи резултати.
Поддршката на локалните бизниси е од суштинско значење за развојот на економијата и во моментов за справување со последиците од пандемијата, за да се обезбедат најдобри можни услуги во континуитет мора да се инвестира во персоналот.
СКСЗМ ќе продолжи да ги цени човечките ресурси, со тоа што тие се столбот на економскиот развој во земјата и пошироко.