Известување за работа во време на полициски час со прилог Образец – Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска

Почитувани членки,

Со новата одлука за забранува движење на територијата на Република Северна Македонија од понеделник до петок во временски период од 16:00 часот до 5:00 наредниот ден и во времески период од 16:00 часот во петок, до 5:00 часот во понеделник, со цел  спречување на ширење на заразната болест COVID -19  и заштита на населението на Република Северна Македонија, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес  работодавачите треба да потполнат образац за движење за нивните работници, за вршење на ноќна смена, ова дозвола ќе важи само за лицето на чие што име е издадено.

Воедно, ги потсетуваме правните лица на законската обврска за пријава на сменска и ноќна работа  до Државен инспекторат за труд.

Во прилог ќе ја пронајдете новата форма на формуларот за дозвола, за која потенцираме дека треба да биде ставена во меморандумот на компанијата, потпишан од одговорното лице во компанијата.

Образец Дозвола за време на полициски час (1)