Заклучоци од седницата на Владата

Дел од заклучоците од 28-та седница на Владата, во врска со настанатата ситуација со коронавирусот – #COVID19:

  • На денешната седница е усвоена и Уредба со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба, се предлага намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, така што се предлага да се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување, наместо 0,03% како што уредува Законот;
  • Исто така, се уредува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година;
  • На оваа седница Владата ја усвои и Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба;
  • Владата денеска донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба;
  • На оваа 28-ма седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците;
  • На предлог на Министерството за економија, денеска Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба.

Повеќе информации во долунаведениот линк:

https://vlada.mk/node/20734