Економските очекувања на Република Северна Македонија во текот на 2021 година и излез од кризата на Ковид-19
13.01.2021, Скопје – Почитувани претставници на медиумите, почитувани членки на СКСЗМ, почитувани претприемачи и граѓани на Република Северна Македонија,
Стопанската комора на Северозападна Македонија како институција која ги заштитува интересите на компаниите членки, високо ја цени поддршката на државните институции и е секогаш насочена кон градење на партнерски однос со истите заради создавање на подобри услови за водење бизнис и обезбедување на економски раст и развој на државата.
Неколку месеци не делат од заокружување на една година од кога Северна Македонија, како и многу земји во светот, беа опфатени од пандемијата на коронавирусот – Ковид 19, носејќи големи економски последици и пад на макроекономските показатели.
За да се врати економијата во нормалната траекторија, сметаме дека Владата во претстојниот период треба да се фокусира на:
- Започнување на процесот на вакцинација против Ковид 19, со цел отворањето на економијата да се случи што е можно побрзо и да бидеме во чекор со земјите од регионот и пошироко;
- Реализирање на капиталните расходи во стапка од минимум 85%; на начин кој ќе ја стимулира економската активност, вклучувајќи ги поврзаните дејности;
- Основање на посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори, како што се: производствена индустрија, градежништвото, трговијата на големо итн;
- Намалување на царинските стапки како мерка за општа поддршка на економијата,
- отстранување на нетарифните бариери што ја попречуваат трговската размена на стоки и услуги со соседните земји;
- Поттикнување на извозот, преку поддршката кон производителите ориентирани кон извоз, како и нивното промовирање преку дипломатските мисии кои ги промовираат домашните производи;
- Таргетиран пристан на владината поддршка кон домашните компании;
- Транспарентност на расходот на буџетските средства за борбата против пандемијата предизвикана од Ковид 19.
Иако економијата во целост беше погодена, за разлика од другите сектори, Туризмот и ХОРЕКА иако највеќе беа оштетени, сеуште продолжуваат да работат под ограничувања, што ги спречува да ја искористаат и ова зимска сезона. Ние како СКСЗМ апелираме до владата да обезбеди протоколи за работа, со цел да овие компании можат да ја извршуваат својата дејност да обезбедат ликвидност и зачувување на работните места бидејќи овој сектор вработува над 30.000 лица во земјата.
Како резултат на горенаведеното, ние како Комора ги предлагаме овие мерки:
- Да се отворат делумно затворените сектори (Туризам и ХОРЕКА) и донесување на протоколите во согласност со здравствените препораки на Светската здравствена Организација.
- Продолжување на мерката субвенции на платите во износ од 14.500 денари најмалку до месец Март 2021, како најсоодветна мерка за зачувување на работните места.
- Зголемување на фондот на Развојната банка на РСМ, за кредити со ниски каматни стапки;
- За производните компании, увозот на суровини да се изврши со 0% акциза;
- Да се предвидат финансиски средства за компаниите кои инвестираат во дигитализација и зголемување на технолошките капацитети;
- Укинување на данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата;
- да се поништат одлуките за укинување и мораториум на Деталните Урбанистички Планови во Општините, со кои одлуки се спречуваат градежните инвестициони проекти, кои достигнуваат вредност од над 500 милиони евра.
Служба за информирање,
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија