Економската Платформа на СКСЗМ се представува пред Алијансата за Албанците
05.02.2020, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија оствари работен состанок со политичката партија Алијанса за Албанците, предводена од г. Зијадин Села. Средбите со политичките партии што ги одржува СКСЗМ се имаат претворено во институционална традиција и претставуваат можност за презентација на мисијата на Комората, која истовремено претставува и коректор на макроекономските политики. Во овие работни средби се презентира Платформата за економски развој на Северна Македонија подготвена од страна на СКСЗМ, која вклучува приоритетни политики предложени во форма на мерки што ќе придонесат за економскиот развој на земјата. Таа се води од основните принципи врз кои ќе се гради меѓусебна соработка помеѓу деловната заедница и политичките чинители.
Економската платформа на СКСЗМ исто така ги вклучува ставовите и проблемите со кои се соочуваат бизнисите и можностите за нивно надминување. Целта на оваа економска платформа е да се претстави визијата, ставовите и мерките на СКСЗМ за нивно вклучување во новата владина програма.
Г-дин Неби Хоџа истакна дека соработката со политичките партии во земјава е многу важна за создавање поволни услови за водење бизнис во земјата, бидејќи е многу важно да се слушне гласот на бизнисите и нивните барања да бидат земени во предвид од релевантните институции. Ги идентификуваме проблемите за политичките партии и даваме решенија во форма на конкретни мерки заради одржлив економски развој.
Г-дин Зиадин Села од Алијансата за Албанците истакна дека ја поздравува иницијативата на СКСЗМ за презентација на Платформата, бидејќи бизнисите се генератор на материјалните добра за општеството, како и за отворањето на нови работни места.
Средбите со сите политички партии докажуваат дека СКСЗМ е принципиелна кон својот пристап и секој субјект кој може и е заинтересиран да придонесе во економскиот развој на земјата ќе наиде на партнерство со СКСЗМ.