Економската Платформа на СКСЗМ се представува пред Демократската Унија за Интеграција
10.02.2020, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја пречека политичката партија Демократска Унија за Интеграција, предводена од г. Али Ахмети. Основајќи се на традицијата на СКСЗМ да организира работни средби со сите политички партии во земјава, каде се презентира Платформата за економски развој на Република Северна Македонија, подготвена од самата комора и во исто време таа ги истакнува клучните точки што треба да се корегираат како и политиките или мерките преземени од страна на Владата за економскиот развој на земјата.
Предложената економска платформа беше претставена пред ДУИ. Оваа платформа ја отсликува реалната состојба на секторите во кои треба да има подобрување и вклучување на стопанските комори во сите области што имаат влијание врз бизнисите. Основните принципи на оваа платформа се: транспарентност и отчетност, намалување на нерамномерниот регионален економски развој, намалување на невработеноста и други. Посебен акцент во приоритетните мерки предложени во оваа платформа е ставен во: зоната на Визбегово, изградба на автопатот Скопје – Блаце, Попова Шапка, отворањето на царинскиот терминал во Јажинце и слично.
„Во пресрет на предизборниот период како пракса и традиција на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, остваривме консултативна средба со Демократската Унија за Интеграција. Ние како Стопанска комора во континуитет но и во нашата стратегија имаме соработка и дијалог со сите политички партии и со надеж дека партијата која ќе биде дел од Владата ќе ја продолжи соработката и ќе ја има како посебен фокус на економијата на земјата “истакна г-дин Хоџа.
„Средбата со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија беше задоволителна, каде за суштински прашања нема разлики помеѓу Комората и Економската програма на Демократската Унија за Интеграција. Уште еднаш апелирав до Комората за комуникација, за соработка, за идеи во сите области поврзани со развојот на земјата, така што останува сите покренати прашања да бидат интегрирани во програма со која ќе бидат согласни страните “истакна г-дин Ахмети.