Делегацијата на СКСЗМ на средба со Претседателката Силјановска Давкова: Заедничка заложба за економски развој

Претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, г. Меndi Qyra, во придружба на Почесниот претседателот, г. Џемаил Даути, и Извршниот директор, г. Дурим Зекири, беа примени на официјална средба од Претседателката на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова.

Во своето обраќање, претседателот Qyra истакна дека СКСЗМ останува посветена на трите главни столба, кои претставуваат предуслови за економскиот развој на земјата: борбата против корупцијата, формализирањето на сивата економија и владеењето на правото. Еден од клучните предизвици што продолжува да го попречува развојот на приватниот сектор е недостатокот на работна сила во земјата. Во овој контекст, г.Qyra и го презентираше на претседателката концептот на СКСЗМ за зголемување на минималната плата, нагласувајќи дека е неопходно максимално да се искористи локалниот потенцијал пред да се бара работна сила од странство. Двете страни се согласија дека ова прашање бара одржливо решение, кое треба да започне со суштински реформи во образовниот систем.

Претседателката Силјановска Давкова ја изрази својата подготвеност за соработка, особено во областите кои се во нејзина надлежност, како што се официјалните посети во други држави, повикувајќи ја СКСЗМ да придонесе со своите барања и експертиза. Таа, исто така ја потенцираше можноста претставници на СКСЗМ да бидат дел од официјалните делегации, кога ќе се создаде просторот   за тоа.

Дополнително, претставниците на СКСЗМ ја поздравија иницијативата на Претседателката за формирање на Националниот совет за соработка со дијаспората и ја изразија својата подготвеност активно да учествуваат во неговата работа. Во овој контекст, Комората предложи во Кабинетот на Претседателката да се назначи економски советник, кој би бил неопходна алка за координација и зајакнување на комуникацијата меѓу Стопанските  комори и Кабинетот на Претседателката.

Средбата се одвиваше во конструктивен дух, потврдувајќи ја важноста на континуираниот дијалог меѓу бизнис-заедницата и највисоките државни институции за адресирање на предизвиците и создавање на поповолна клима за економскиот развој на земјата.