Групацијата на индустриските производители и потешкотиите од пандемијата
Во рамките на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија постојат и работат 10 различни групации кои сами по себе содржат широк синџир на компании членки, чија цел е креирање политики и поволна клима за водење бизнис секогаш имајќи ги во предвид нивните интереси и потреби.
За да се реализира целта на работењето на СКСЗМ, а тоа е поддршка на деловниот сектор, денеска се одржа состанок со Клубот на индустриски производители на СКСЗМ околу штетите како резултат на пандемијата COVID19, тешкотиите со кои производителите сега се соочуваат како и колку истите ги користат економските мерки на Владата.
Оваа фаза на пандемија донесе различни тешкотии за сите сектори, но со меѓусебна соработка и решавање на проблемите во релевантните тела, состојбата постепено ќе се врати во нормала.
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија организира, напредува, ги штити интересите и промовира бизниси во земјата и странство, ги поддржува компаниите во предизвиците на глобалната конкуренција и има за цел да стане водечка организација во претставување на интересите на деловните активности и создавање соодветно опкружување. за развој.