Групацијата на бизнис жени на СКСЗМ одржа состанок со г-дин Талат Џафери

Групацијата на бизнис жени на СКСЗМ одржа состанок со г-дин Талат Џафери за да разговараат за унапредување на гласот на жените претприемачки и да го промовираат рамноправното лидерството на жените во општеството.
Од оваа средба произлезе можноста за соработка со Независниот парламентарен клуб составен од пратенички.
Нашата цел како Комора е зајакнување на жените и младите во областа на претприемништво и на оваа средба видовме можност за соработка со овој парламентарен клуб каде што можеме да ги анализираме законите и регулативите што влијаат на економската можност на жените, особено вработувањето, лидерството и претприемништвото. Затоа, сите оние кои имаат идеи, забележале или и самите се жртви на какви било правни недостатоци во зајакнувањето на жените во општеството можат слободно да не контактираат.