СКСЗМ-држава да ги отстрани бариерите што спречуваат приватни инвестиции во градежништвото

Ние секогаш истакнуваме дека доколку капиталните инвестиции не се реализираат со над 80 отсто од планираните, тогаш тие не се од развоен карактер, не се движиме во посакуваниот правец како економија. СКСЗМ неодамна посочи на проблемот со кој се соочуваат градежните компании. Поради одлуки за укинување и мораториум на детални урбанистички планови, компаниите се спречени во реализација на многу градежни проекти, кои, според првичните процени, би ја надминале вредноста од 500 милиони евра. Сума што би била силна инфузија за економијата и би ги поддржала другите поврзани дејности. Сметаме дека државата може да даде придонес во правец на помагање на економијата, и тоа не мора да значи дека ќе треба да ги поддржи компаниите со субвенции и финансиска поддршка, туку преку олеснувања за инвестиции на секторите што имаат капацитети

Целосната изјава може да ја најдете во долунаведениот линк:

https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%bf%d0%be%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b5/