Во просториите на СКСЗМ се одржа состанок на Надзорниот одбор
Во просториите на СКСЗМ се одржа состанок на Надзорниот одбор. На овој состанок беше избран претседател на Надзорниот одбор г-дин Мухамед Хаџипази кој ја претставува компанијата членка на СКСЗМ Халкбанк и заменик претседател г-дин Сефедин Мустафа сопственик на компанијата Текникс.
Исто така, оваа средба имаше консултативен и одобрувачки карактер, во која членовите на Надзорниот одбор беа информирани за тековната работа на Комората.
СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на интересите на деловните субјекти и создавање поволна околина за развој, и покрај економската и здравствена криза што ја погоди економијата, СКСЗМ продолжува да биде на страната на деловниот сектор, работејќи да ги поддржи нивните барања и потреби.