Во просториите на СКСЗМ се дочека министерот за Животна Средина и Просторно Планирање
Во просториите на СКСЗМ се дочека г-дин.Насер Нуредини, министер за Животна Средина и Просторно Планирање. На состанокот присуствуваа претседателот г-дин Неби Хоџа, заменик претседателот г-дин Салим Хасани и г-дин. Хајрула Хасани, каде разговараа за статусот на Шар Планина како национален парк и потенцијалот што произлегува од оваа зона.
СКСЗМ во својата стратегија и економска платформа ги имат вклучено Шар Планина и Попова Шапка како многу важни и главни рекреативни точки од кои земјата може да има големи придобивки.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како институција која ги штити интересите на компаниите членки, високо ја цени поддршката на државните институции и секогаш е насочена кон градење партнерства со државни институции за создавање подобри услови за деловната заедница и обезбедување развој и економски раст во државата.