Брисел даде зелено светло за Северна Македонија да ги започне преговорите за нејзино членство во Европската унија
За време на овој тежок период, конечно ни доаѓа една добра вест – Брисел даде зелено светло за Северна Македонија да ги започне преговорите за нејзино членство во Европската унија. Ова е многу важен чекор за иднината на нашата држава, што подразбира развој на социјалната благосостојба на секоја област. Северна Македонија и Албанија се клучни двигатели на економскиот развој и регионалната соработка во Западен Балкан. За да можеме во најкраток можен рок да ја интегрираме нашата држава во семејството на ЕУ, апелираме Стопанските комори да бидат вклучени во преговарачкиот процес. Честитки!