Бизнисите од зоната на Визбегово дискриминирани, реагираат кон Општина Чучер Сандево
СКСЗМ ја поздравува посветеноста на државните институции за подобрување на условите за водење бизнис во земјата, како и за еднаков третман на локалните компании и странските инвеститори. Исто така, стратешко определување на СКСЗМ е и правилното спроведување на законите како предуслов за владеење на правото.
Денес сме во зоната на Визбегово, една од најрентабилните и ликвидни економски зони на Северна Македонија, што генерира обрт од над 340 милиони евра, нето-добивка од над 22 милиони евра, со над 2600 вработени и со просечен тренд на раст на обртот од 7% на годишно ниво и учество од околу 3,4% во бруто домашниот производ во последните години. Овие податоци јасно ја покажуваат сериозноста и исклучителната важност на оваа индустриска зона за економијата на земјата.
Денешната средба во оваа зона се одржа од причина што, оваа зона, која беше оставена во заборав од страна на Владата, сега се соочува со друг проблем на локално ниво – со општината Чучер Сандево. Од нејасни причини, пристапот на Градоначалникот г. Јован Пејковски како градоначалник на Општината е демотивирачки, неправеден, дискриминаторски и против-уставен за домашните инвеститори кои даваат се од себе за да развијат бизнис и позитивно да влијаат врз економијата на земјата.
Имајќи ги предвид економските околности и големата потреба за инвестиции во економијата на земјата; на бизнисите од зоната на Визбегово наместо да им се помага, тие денес се соочуваат со нови проблеми, каде Општината Чучер Сандево, на непринципиелен начин, ги спречува овие развојни процеси.
Општината на Чучер Сандево нема административни капацитети да се справи со барањата на домашните бизниси, каде што имаме одолговлекување на управни процеси кои претставуваат огромни финансиски трошоци, но и трошење на времето како битен ресурс на деловните субјекти. Во време кога бизнисите имаат планови за инвестиции и развој, овој капацитет (на општината) е пречка што треба да се реши веднаш. Во нормални околности, администрација на општината треба да биде во служба на деловните субјекти кои плаќаат даноци, имаат влијание врз економскиот развој и создаваат нови работни места. Во овој случај администрацијата станува непремостлива пречка.
Она што е скандалозно е фактот дека Советот на општината донесе Програма за уредување на градежното земјиште во Општина Чучер-Сандево за 2019 година, а согласно член 4 од Правилникот за степенот на уредување на градежното земјиште, со која се предвидени повисоки износи споредбено со другите општини во Република Северна Македонија, каде даночната основа за метар квадратен се проценува на 700 евра, износ кој не одговара со реалната вредност. Според програмата, за бизнисите од категоријата Б1, Б2, Б3 и Б4 и се пресметува цената за метар квадратен од 30 евра, додека за категоријата Г – за субјектите на производство, дистрибуција и услуги Г1, Г2, Г3 и Г4, тие се пресметуваат со коефициент 0,05в за метар квадрат, односно 35 евра за квадрат. Со овие цени, инвеститорите не се во можнос да ги извршуват своите проекти во оваа Општина, бидејќи оценувањето е нереално и е надвор од секоја правна норма.
Со овие цени, оваа општина ја надмина цената на сите општини, вклучително и таа на општина Центар – Скопје, или други општини кои имаат приближно иста вредност на градежно земјиште по категорија. Не бараме помалку или повеќе, но сакаме еднаков, фер и правен третман од страна на општината.
Со оваа одлука на Советот на општината, граѓаните се дискриминирани врз основа на класата на дејност. Тоа е неправедна и против-уставна затоа што става група на луѓе во поволна позиција додека дискриминираат други групи, во овој случај бизнисите.
Оваа постапка и однесување на општината ги демотивира инвеститори, без разлика дали се домашни или странски. Непрофесионалниот пристап нè тера да се сомневаме во тенденциозни активности, до степен на злоупотреба на службената позиција на Градоначалникот на Општината.
Дури и на состаноците што ги имаат одржани бизнисите од зоната на Визбегово, пристап на градоначалникот бил непрофесионален, непринципиелен и надвор од секој професионален кодекс. Понудата за решавање на проблемот што го нуди градоначалникот на општината ја надминува секоја нормална норма што не соодвествува со реалната цена на градежното земјиште.
Сметаме дека ситуацијата е алармантна, затоа апелираме: општинските давачки треба да се унифицираат во најкус можен рок според моделот на општини кои се слични на Општина Чучер Сандево како што се (Чојли, Илинден, Бутел, Карпош), одземање на овластувањето на секторот за урбанизам заради недостаток на капацитети од страна на Министерството за транспорт и врски, релевантните институции да се справат со случајот со цел да се идентификуваат евентуалните злоупотреби на службената позиција за конкретниот случај.