Апел за помош во Република Албанија
Почитувани претставници на бизнис заедницата,
Со оглед на настанатата ситуација во Република Албанија, СКСЗМ организираше вонредна средба со дел од бизнисите-компании членки, со цел да се солидаризираме со болката со која се соочуваат граѓаните на Републик Албанија и се одлучи за во овие тешки мигови, да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со оваа трагедија.
Знаејќи ја подготвеноста на бизнисите за солидаризација, кое се има докажано и минатите години, СКСЗМ апелира до сите претставници на бизнисите во нашата земја, да помагаат за семејствата на настраданите и на повредените особи.
Помошта може да се реализира преку два начини, и тоа:
- Можете да донирате финансиски средства во жиро-сметката на Фондацијата Албиз: 270066838600182, IBAN MK07270722000029853 SWIFT CODE – EXPCMK22, со цел на дознака: Донација за жртвите од земјотресот во Република Албанија.
- Можете да донирате и други материјални работи.
Сите материјални работи треба да имаат во прилог фактура/испратница каде точно ќе бидат искажани кои работи се доставуваат.
Ве молиме да не донирате вода за пиење, бидејќи ќе се зафати капацитетот за друг продукт за кој имаат потреба.
За достава на материјални работи, направени се три собирни пунктови: еден во Скопје – кај компанијата Темпо Профили 99 во Визбегово, во Тетово – кај складиштата на компанијата Модинг и Даути Комерц, во Струга – во просториите на Даути Комерц.
Во прилог најдете го списокот на артикли кои се потребни да се пратат и да се помогнат граѓаните на Република Албанија.
За подетални информации контактирајте со Фондацијата Албиз. Бр. за контакт: +389 2 2057 632.