Јавен Повик од Банката за Развој на Република Северна Македонија

Драги членки, ве информираме дека Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје распишува Јавен повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд, како дел од мерките донесени од Владата за надминување на состојбите кои ги предизвика ширењето на вирусот Ковид-19.

Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.

Рокови на отплата: до 2 (две) години со вклучен грејс период од 6 (шест) месеци.

Каматна стапка: фикснa на износ од 0% на годишно ниво

Апликациите по јавниот повик се доставуваат во рок од 30 дена сметано од 26.03.2020 година.

Во долунаведениот линк може да го најдете формуларот:

https://www.mbdp.com.mk/images/vesti/javen-oglas-covid-pkf/javen-povik-covid-19-mk.pdf

„Почитувајќи ги препораките за заштита на јавното здравје, целиот процес за аплицирање за овие средства ќе се прави електронски и неопходната документација ќе се доставува на единствена е-мејл адреса објавена во Јавниот повик (kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk).

За повеќе информации контактирајте не на телефонскиот број +389 2 3239 252 или на е-маил адресата info@oemvp.org.