ДУИ ја презентира економската програма пред СКСЗМ

Висока делегација на ДУИ предводена од  Вицепремиерот за европски прашања  Фатмир Бесими, министерот за економија Ваљон Сараќини и Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида пред раководните структури на СКСЗМ ја презентира економската програма на партијата. 

Вицепремиерот за европски прашања  Бесими истакна дека економската платформа на ДУИ во себе вклучува голем број проекти за подготвување на кои се  консултирани повеќе странски и домашни експерти.
Оваа програма
предвидува економски раст од 4-7%, каде посебен акцент стави на коридорот  8, автопатот Скопје-Блаце,  слободните економски зони, и кредитните линии.

Претседателот Мендерес Кучи рече дека  платформа за економски развој на Северо-Западна Македонија 2014-2018 подготвена од страна на СКСЗМ во себе  гарантира економски раст и  стабилност и услови за странски инвестиции

За странските инвестиции треба безбедносна состојба која ќе се постигне со членството на нашата земја во структурите на НАТО и ЕУ.
Министерот за економија Ваљон Сараќини пред членките на СКСЗМ рече дека економската платформа на ДУИ е како резултат на претходните консултации со Комората каде  се внесени 90%  од барањата  на СКСЗМ која ги вклучува реалните потреби на бизнисот и граѓаните на Р.Македонија.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида  ги пофали членките на СКСЗМ  кои имаат инвестирано во економска зона во Тетово,и ги повика сите граѓани на Р.Македонија да конкурират во слободните места и во другите економски зони.

Потоа  со членките на Комората се дискутираа некои  суштински прашања за економијата на земјата кои директно влијаат на бизнис секторот  и граѓаните на Република Македонија. 

Comments are closed.