OEMVP со стратегија за мултикултурен дијалог | OEMVP OEMVP со стратегија за мултикултурен дијалог – OEMVP
Breaking News

OEMVP со стратегија за мултикултурен дијалог

16 Февруари 2017 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија реализираше состанок со локалните групи во општина Маврово и Ростуше, Куманово и Струга. На овие состаноци се дискутираше за стратегијата за мултикултурен дијалог. Студија за мултикултурализмот и меѓуетничките односи во овие општини претставува анализа на тековната состојба и на компаниите во врска со нивните напори да се промовира и да се обезбеди почитување, толеранција и да ги разгледаат перцепциите и нивото на комуникација помеѓу работодавачите и работниците од различни етнички групи.

Подготовка на таква стратегија има за цел да ги идентификуваа почетната состојба и ќе послужи како основа за идните активности кои СКСЗМ ги планира како дел од заедничкиот проект “Различноста е во мода” во соработка со Асоцијацијат за демократски иницијативи (АДИ) и Флоренс Најтингејл, финансиран од Европската Унија.

Студијата има за цел да ги анализира основните причини за етнички поделби и да даде препораки со кои ќе се подигне свеста и да ги охрабри работодавците да превземат активности со кои ќе се обезбеди вклучување на принципите на мултикултурализмот и градењето на меѓуетничките односи во рамките на компанијата.

Состаноци со работните групи ќе се реализираат и во наредните денови во другите општини вклучени во проектот.

About The Author

Related posts

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Share This