Oбуки за стручно усовршување за безбедност при работа | OEMVP Oбуки за стручно усовршување за безбедност при работа – OEMVP
Breaking News

Oбуки за стручно усовршување за безбедност при работа

13 Март 2018 –  Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денес и утре организира дводневна обука за стручно усовршување за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

СКСЗМ следејќи ги своите цврсти убедувања дека континуираната и постојаната едукација на стручните лица за безбедност при работа е еден од основните предуслови за безбедност во работењето, организира обука за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа. Тргнувајќи од претходното, оваа обука е конципирана со јасен прагматичен карактер, што значи основна цел не се напорни и исцрпувачки дискусии, туку заедничка анализа и решавање на конкретни практични проблеми, користејќи ги досегашните наши знаења и искуства од оваа област.

СКСЗМ врз основа на од потребите и барањата на членките кои се занимаваат со градежништво, високоградба и изведување на работи на височина, се одлучи за следната тема: работа на височина и длабочина, Постоечка законска регулатива, Компарација со легислативата во регионот, Лекарски прегледи, Лични и општи заштитни средства, Индикатори за несреќи при работа во градежништвото, Препознавање на опасности и штетности и други.

Оваа обука е финансирана од страна на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, имплементиран од страна на Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје во партнерство со Стопанската Комора на Македонија, Стопанската Комора на северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојузот на Стопански Комори на Македонија.

About The Author

Related posts

Share This