GGA: Најдобри практики на водење бизнис од страна на искусни претприемачи | OEMVP GGA: Најдобри практики на водење бизнис од страна на искусни претприемачи – OEMVP

GGA: Најдобри практики на водење бизнис од страна на искусни претприемачи

19 Октомври 2017 – Групацијата на Бизнис Жени (ГБЖ) при Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена го посети Куманово и претпријатијата водени од жени. Жените од овој регион се занемарени, особено оние што доаѓаат од руралните средини, затоа по тој повод СКСЗМ оваа година реши да ги посети и запознае со нивните проблеми во текот на работата.

Тие имаа можност да разменат искуства и да добијат корисни совети во однос на управување и најдобрите практики за водење бизнис од страна на искусни претприемачки, како Мерита Рамадани Алими сопственик на Агрокорпорација од Скопје и Ќаније Селими, сопственик на едукативен центар РЕА во Тетово.

About The Author

Related posts

Share This