Карванот на СКСЗМ во Битола

10 Мај 2016  – Пред бизнисите во Битола, денес СКСЗМ ги презентираше активностите на Комората, вклучувајќи го финансискиот и годишниот извештај за 2015, портфолиото на услугите што ги нуди, како и новите публикации на Комората, правниот информатор ЈУРИС, економскиот информатор ЕCONOMICUS и информаторот за можностите за финансирање ДОБИВКА.

Бизнисите од овој регион имаа можност да ги споделат своите мислења, ставови и лични искуства, како и различните проблеми со кои се соочуваат во текот на нивната работа.

Постојат многу предизвици и проблеми кои се јавуваат за бизнисите во Битола, велат сопствениците на претпријатија, додавајќи дека деловната клима во Македонија не создава поволни услови за бизнис, и сите овие бариери кои што компаниите ги имаат, и нивното не навремено разгледување од страна на надлежните органи, го прави уште потешко работењето. Економскиот развој на една земја зависи од развојот на приватниот сектор, кој генерира нови работни места.

Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, посочи дека таму каде што може да се најдат решенија, таму и бараме. Значи, ние сме тука денес да зборуваме со оние кои се во оваа област, самите бизниси, бидејќи тие се решението. Добро е кога има различни идеи и предлози, кои ни помагаат во развојот на нашиот стратешки план во иднина, успехот е секогаш заеднички.

Следниот состанок со компаниите ќе биде на 12 Мај 2016 (Четврток) во Дебар во Ресторан Венец со почеток во 12:00 часот.

13199272_10207754459632639_103607644_o

photo (5)

photo (4)

photo (6)

photo 1 (3)

photo (1)

 

Comments are closed.