СКСЗМ: Прес конференција – Што предвидуваме за 2017 година?

30 Декември 2016 –Со завршување на годината, СКСЗМ се навраќа уште еднаш на 2016 година со цел да се има увид на тоа што е направено во оваа година што ја оставаме зад нас и предизвиците што не чекаат во идната година.

СКСЗМ оваа година бележи јубилеј од една декада постоење, декада во која созреавме и успеавме да станеме релевантен фактор за да се слушне гласот на бизнис заедницата и заштита на бизнисот во Република Македонија.

Во повеќето случаеви, техничката Влада немаше конструктивен пристап и не беше подготвена да ги прифати предлозите на бизнис заедницата и пролонгираната политичка криза, која  и по изборите очигледно нема да даде решение за ситуацијата во земјата. Владата континуирано продолжува да го нагласува терминот развој, економски развој, развојен буџет, развојни проекти и други, што за нас како СКСЗМ не претставува ништо повеќе од една голема кампања за јавноста, познавајќи ја реалната ситуација и фактичката состојба на приватниот сектор.

Оваа година беше година полна со предизвици за Македонијабидејќи во текот на целата година, земјата беше во длабока политичка криза, економскиот раст од 4%  со варијација  ± 0,5 п.п. е постигнат, сепак не како резултат на пропорционално зголемување на сите сектори на економијата, туку на сметка на селективните политики преку фаворизирање на одредени сектори од кои произлегува раст, „удирајќи“ по другите сектори.

Видливо е дека тоа што го узурпира економскиот развој е државата и пропагандистичките политики. Перманентни проблеми за Македонија, а кои се истакнуваат и во Извештајот на ЕК се:

  • Јавниот долг – Буџетски дефицити;
  • „Дупките“ во пензискиот фонд – долговите на јавните компании;
  • Селективни политики на странски инвестиции;
  • Подобрување на легислативата;
  • Поедноставување на административните постапки;
  • Добрите соседски односи;
  • Инфраструктурата.

Јавниотдолг и „дупките“вопензискиотфонд, во главно буџетскиот дефицит на земјата е покриен со надворешно задолжување во недостиг на долгорочна стратегија за покривање на овие долгови.

Иако дефицитот е во рамки на Мастришките начела, секако мора да се земе во предвид и економската сила на Македонија, производствениот капацитет, извозот и други. Буџетските дефицити се создаваат и растат од година в огодина, како последица на популистичките мерки на Владата, како и најавата за зголемување на платите во јавната администрација и во 2017 година.

Во однос на странските инвестиции, Македонија има формирано Агенција за привлекување на странските инвестиции но истата ги канализира инвестициите само во една иста насока, не водејќи сметка дали се тие соодветни и дали се во рамките на општите квалификации и потребите на Македонија. Владата постојано го нагласува бројот на слободните економски зони низ целата земја, но селективна е нивната промоција надвор од земјата. Имаме повеќе од 20 слободни зони со над 15.000 работни места, но нула во северо-западниот дел на земјата, и покрај поволната геостратешка позиција. Невработеноста во Полошкиот регион од година во година се зголемува. Овој факт зборува за неопфатеност и нерамномерен регионален развој. Минималните плати кои се исплаќаат од страна на странските компании придонесуваат за осиромашување на граѓаните, овој факт се рефлектира во куповната моќ на граѓаните.

Стопанските Комори можат да имаат значајна улога, земајќи го во предвид фактот дека суштински ги познаваат домашните капацитети и можат да придонесат за канализација на странските инвестиции во потребните места. Доколку Стопанските Комори управуваат со стратегијата за привлекување на странски инвестиции би можеле да создават договорни услови со што би се овозможило репроматеријалите да се набавуваат од домашниот пазар или таканаречениот ланец на понуда, бидејќи доколку се продолжи со досегашната практика само ќе ги наштети домашните компании и ваквиот резултат нема да придонесе за позитивно влијание во домашната економија од страна на странските инвестиции.

Прашање на легислативата – Годината што ја оставаме зад нас и во годините наназад се повторува феноменот на честите промени на закони по скратени постапки и недостиг на соодветни вистински консултации со засегнатите страни и недостиг на консултации со бизнис заедницата, како еден од клучните фактори кои влијаат на економскиот развој на земјата. Овој феномен создава проблеми во одобрувањето на соодветни подзаконски акти и адаптација на истите. Се надеваме дека ова лоша практика ќе се промени во 2017 година, СКСЗМ ќе придонесе со конкретни предлози за промена на законите кои имаат негативно влијание врз бизнисите.

Инфраструктура – Во 2016 година е започнато патната оска Демир Капија – Смоквица, Кичево – Охрид но и во оваа година не е реализирано проектот Скопје-Блаце, се одложува изградбата на патната врска Исток-Запад што би можело значително да ги намали транспортните трошоци и да се зајакне внатрешната и надворешната конкурентската позиција на домашните компании. Во однос на поставените цели за 2017 година, поврзани со планираната гасификација, СКСЗМ проценува дека се преценети.

Трендот на намалување на трговската размена со Косово во споредба со минатата година за истиот период е 40% помала. Сигурни сме дека податоците кои ќе се обајават после крајот на оваа година ќе покажат поголемо намалување на трговската размена. Евидентно е дека нашите компании губат еден многу важен пазар.

Што предвидуваме за 2017 година?

И покрај стабилните предвидувања на светските економии, Македонија има внатрешни проблеми, како и дополнителни надворешни пробелми што и го отежнуваат позитивното сценарио.

Ние влегуваме во новата година во која ќе имаме повторно избори (локални), со голем број економски проблеми и многу други проблеми на кои што треба да се решаваат во што е можно пократок временски периодсо цел подобрување на благосостојбата на граѓаните и државна стабилност.

Предупредувањата на домашните и странските институции, исто така, и сигналите штони ги испраќаа бизнис заедницата не се оптимистички, и не оставаат простор за оптимистички сценарија, односно, дека 2017 година ќе биде леснаи плодна. Според нашите проценки, растотна БДП оваа година нема да биде поголемаод 2,5%.

Comments are closed.