Се одржа собранието на СКСЗМ

Денеска во СКСЗМ се одржа продолжувањето на минатото Собрание. Во ова Собрание се дискутираше за оперативните работи кои беа точки на дневниот ред. Тие вклучуваат одобрување на Деловникот за работа на Собранието, одобрување на годишниот извештај 2018 (наративен и финансиски), одобрувањето на 4-годишниот извештај за работењето на комората како и други точки.

Во 4-годишниот извештај на Комората беа презентирани многуте активности кои се спроведени во текот на изминатите 4 години.

За време на ова Собрание се презентираа и новите услуги кои се нудаат од страна на СКСЗМ, како и идните услуги со кои ќе бидат запознаени членките.