Обуки во општина Кичево

  По успешното завршување на обуките во регионот на Полог, Струга и Скопје, со околу 80 обучени жени, обуките продолжуваат во Кичевскиот регион, односно во општина Кичево, вклучувајќи жени и девојки од оваа општина.

  Проектот се спроведува од страна на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Здружението за локален рурален развој и Агенцијата за регионален развој Сенец – Пезинок од Словачка, и се обидува да го зголеми бројот на жените кои ќе бидат способни за отпочнување на бизнис или да го унапредат веќе започнатиот бизнис. 

  Преку овие обуки на проектот “Едукација, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се обидува да ја зголеми довербата кај жените за нивната вредност и квалитет, и можноста тие да заработуваат.

Обуките во Скопскиот регион

  Главната придобивка од оваа обука се зајакнати капацитети (знаења и вештини) на жените од етничките заедници во руралните области, во однос на идентификување на проблемите, потребите и приоритетите на жените во заедницата.
    Обуката се одвива во хотел Арабела, и ќе трае до 05 Јули 2013 (Петок), а потоа практично ќе им се даде можност да погледнат одблизу како се води успешен бизнис, со реализација на практична работа во фирмите на нашите членки.

За повеќе информации во врска со обуките контактирајте нa fatima.vela@oemvp.org 

 

                                                                                                      
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија                Здружение за локален рурален развој                 Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок  

 

 

 

 Проектот е финансиран од Европската Унија                       

 

This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.


 

 


Comments are closed.