Како да станете член | OEMVP Како да станете член – OEMVP
Како да станете член

Придобивки од зачленувањето

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е лидер и работи во насока на зајакнување на економската клима во земјата. Таа обезбедува пристап до широка мрежа на бизниси, контакти и информации за бизнисите.

Преку различни активности, СКСЗМ нуди можности за промоција на своите членови, поставувајќи ја нивната организавија во центарот на вниманието. Преку спонзорство, вашата компанија ќе биде стратешки изложена на примачите.

За подетални информации за категориите и бенефициите од членството, ве молиме прочитајте подолу за услугите што ние ги нудиме:

  1. Подготовка на трајна регистрација и членство на потенцијалните фирми во географскиот простор, каде што делува Стопанската комора на Северо – Западна Македонија.
  2. Посета на фирмите со цел промовирање на нивниот бизнис.
  3. Иницирање и взаемна соработка со Стопанската комора на Македонија.
  4. Развој на соработката во реципрочен интерес помеѓу бизнисот и стопанските комори во Македонија и други регионални комори и пошироко.
  5. Развој на соработка со Стопанската комора на Албанија и Косово, како и други деловни здруженија.
  6. Раст и развој на реципрочната бизнис соработка со фирмите во Албанија и Косово.
  7. Развој на инвестициите помеѓу фирмите од Македонија, Албанија и Косово со директна инвестиција на сопствениот капитал.
  8. Одржување на редовните контакти меѓу бизнисот и владите на Македонија, Албанија, Косово и другите места во врска со СКСЗМ – за подобрување на законската регулатива во насока на поедноставување и зголемување на развојот на бизнисот во Македонија, за да се воспостави добра практика на контакти помеѓу бизнисот и етиката.
  9. Информирање за интересот на економијата на Албанија и Косово за инвестирање во Македонија и обратно.
  10. Организирање контакти со стопанските комори на балканските земји и организирање посети на бизнисмени кои се заинтересирани во двете насоки со сите балкански држави.
  11. Развивање на контакти со стопанските комори на европските земји, САД и на светско ниво.
  12. Учество на бизнисмени-членови на СКСЗМ во државни делегации во двете насоки.
  13. Учество на бизнисмени-членови на СКСЗМ во форуми и извршни владини и државни институции во Република Македонија во врска со финансиско-економската политика и со економско-правната легислатива.
  14. Собирање и давање на информациите за организирање и учество на семинари, саеми, бизнис форуми како и други активности од областа на економијата.
  15. Информирање во врска со бизнис законите и прописите, проектите на тендерите, изработката на бизнис планови и сл.
  16. Целосни информации за кредитните линии во земјата.
  17. Воспоставување и унапредување на високо квалитетни производи.
  18. Посветеност за активно учествување во креирањето и спроведувањето на економската и регионалната политика, инфраструктурни проекти како и развојот на претприемништвото во Република Македонија.
  19. СКСЗМ инсистира во добивањето на јавни овластувања како што се: различни сертификати, потврди, согласности и дозволи со цел да се олесни бизнисот.
  20. Организирање на состаноци со работен ручек, со цел бизнисмените да воспостават индивидуални контакти меѓу себе за да разменат мислења за постоечките проблеми во практичното работење на бизнисот.
  21. Содржина и спонзорство на програми и цели кои ги реализираат здруженијата од областа на културните и образованите дејности, хуманизмот и други активности.

 

Симнете, пополнете и печатете ја  Пристапницата за членство.

Пополнетиот формулар испратете го преку e-маил на info@oemvp.org или по факс на бројот 02/3226 388. Со пополнување и поднесување на формуларот, вие го формализирате вашето барање за членство во СКСЗМ. Потоа ние ве регистрираме и ви испраќаме фактура, која може да ја уплатите на жиро сметката:

Халк банка

Жиро сметка: 270-0598938801-38

Членството во СКСЗМ ќе ве чини само 6,200.00 денари (100 евра) и секоја година членството се плаќа на почетокот на календарската година.

Share This