Финансиската одржливост на НВО преку соработка со бизнис секторот | OEMVP Финансиската одржливост на НВО преку соработка со бизнис секторот – OEMVP
Финансиската одржливост на НВО преку соработка со бизнис секторот

ODA-PROJEKT-LLOGO-690x270-1-310x165Фондација Даути во партнерство со Стопанска Комора на Северозападна Македонија се одговорни за имплемнтација на проектот: „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од страна на Европска Унија.

Проектот ќе се имплементира во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.

Општата цел на проектот е да придонесе одржливост на граѓанското општество во Република Македонија преку зголемување на финансиската независност на НВО.

Специфична цел : Подобрување на финансиската одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот.

Целта на овој проект ќе се реализира преку: Основање на неформална платформа на локални НВО, во соработка со бизнис-секторот , со цел развивање на нивниот капацитет за обезбедување дополнителни средства за поддршка на потребите на целните групи (со фокус невладини организации – НВО кои работат со маргинализирани групи ). Зголемена соработка на граѓанските организации и бизнис-секторот , со цел подобрување на  капацитетите на НВО и прибирање финансиски средства и подобрување на вештините за застапување и лобирање за да се овозможи животна средина за јавниот и приватниот сектор. Креирање на можности за собирање на средства од бизнис и други сектори нудејќи практични решенија за локалните невладини организации во распределбата на средствата со усвојување на принципите на бизнис секторот и активна соработка со други субјекти.

Очекувани резултати од спроведувањето на овој проект се:1.        Идентификација и зајакнување на капацитетите на НВО во соработка со бизнис секторот2.        Раст на приходите на НВО во соработка со бизнис секторот3.        Унапредување на соработката помеѓу НВО и бизнис секторот во Македонија

Целни групи на проектот се:

·    100 невладини организации од северозападна Македонија  кои ќе бидат запознаени со придобивките   од                     соработката на јавниот и приватниот сектор ;

·          40 невладини организации во Македонија кои соработуваат со бизнис-секторот , или се  заинтересирани за                 унапредување на генерирање приходи од приватниот сектор. Приоритет ќе се даде на невладини организации                лоцирани во руралните области кои работат со  маргинализирани групи: младите, жените и социјални и ранливи                групи ;

·          50 мали и средни претпријатија ќе бидат вклучени во целните групи како хомолог на избраните невладини       организации, итн. Активности кои се планирани да се преземат во рамките на овој проект се:

1. Идентификација на невладини организации активни во генерирање на приходи;

2. Креирање на база на податоци за активни НВО во генерирање на приходи;

3. Промовирање на неформална платформа на НВО активни во генерирање на приходи;

4. Спроведување на 4 обуки за генерирање приходи во соработка со бизнис-секторот;

5. истражување предизвиците на НВО во соработка со бизнис-секторот;

6. Организирање на 7 средби со бизнис-секторот за да разговараат за финансиска одржливост на НВО;

7. Подготовка на прирачник за зголемување на соработката помеѓу НВО и бизнис секторот;

8. Развивање 2 документи за политики за генерирање на приходи на НВО во соработка со бизнис секторот;

9. Подготовка на стратегија за НВО за соработка со бизнис секторот;

10. Веб дизајн и отворање на сајт за приходи генерирање на НВО;

11. Изготвување на брошура за прибирање финансиски за НВО во соработка со бизнис секторот;

12. Организирање на конференција за соработка со НВО и бизнис секторот

 

Времетраењето на проектот е 18 месеци.