Унгарските компании ги презентираа најновите методи за чистење на отпадни води и вода за пиење | OEMVP Унгарските компании ги презентираа најновите методи за чистење на отпадни води и вода за пиење – OEMVP
Унгарските компании ги презентираа најновите методи за чистење на отпадни води и вода за пиење

Унгарските компании ги презентираа најновите методи за чистење на отпадни води и вода за пиење

15 Jуни 2017 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во соработка со компаниите „SZABADICS“, “HIDROFIT”, “INWATECH” од Р. Унгарија организираа бесплатна презентација за проектните решенија за чистење на отпадни води, вода за пиење, арсен и вакум канализации, можност за финансирање на пречистителни станици.
Компанијата “HIDROFIT”, во 30 годишно искуство е лидер на унграскиот пазар во изготвување решенија за вода за пиење третман на отпадни води и хемикалии.

„SZABADICS“, која постои од 1990 година се специјализира за хидраулични инженерски конструкции и процеси за обезбедување чиста вода за пиење, изградба на канализациски системи за локалните општини и развој на постоечките постројки за третман на отпадни води.
“INWATECH”, со над 18 години работно искуство во третман на индустриски отпадни води и воопшто на отпадните води во целина, во системот на инженеринг, работи во Унгарија и во Романија, заедно со истакнати европски партнери.
Ексклузивните партнерства и овозможуваат на компанијата да имплемнетира најнови иновативни решенија вклучувајќи искуство и знаење.
Презентацијата е наменета за претставници од јавните водоводни, водостопански претпријатија, од индустријата, добавувачи на опрема и локалните самоуправи со акцент на отпадните води, водата за пиење, арсен и вакум канализации.

Related posts

Share This

Share this post with your friends!