ТОП 100 најуспешни компании | OEMVP ТОП 100 најуспешни компании – OEMVP
Breaking News

ТОП 100 најуспешни компании

Во TOП 100 се рангират најуспешните албански компании на годината врз база на три главни категории: Вкупен годишен обрт; Нето добивка; и Број на Вработени;

Стопанска Комора на Северозападна Македонија годинава реши да вметне уште еден критериум со кој се цели да се мери највисокиот раст во последните три години.

Присутни на настанот беа Министерот за Економија, г-дин.Беким Незири, заменик Амбасадорот на Република Албанија, Градачалникот на Општина Чаир, г-дин.Изет Меџити, претставници од амбасадата на Америка, Турција, Иран, бизнисмени-членови на СКСЗМ, соработници итн.

Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи, домаќинот на овој настан го прогласи за отворен настанот и по овој повод се обрати до присутните. Меѓу друго, тој ја истакна важната улога на  Стопанска Комора на Северозападна Македонија за бизнисмените и општеството воопшто, бидејќи според него СКСЗМ го следи, промовира и ги потикнува членовите да работат повеќе за да бидат дел од овој ТОП 100 или дел од најдобрите. Тој изрази посебно задоволство бидејќи ова година во ТОП 10 се редат компании кои се помалку познати за јавноста и дека овој факт според него јасно кажува дека со работа и напор може да се стигне далеку.

 Ова година СКСЗМ за реализација на каталогот ТОП 100 наиде на безрезервна поддршка од Министертвото за Економија и претседавачот на овој дикастер, министерот Беким Незири. Во неговото обраќање тој истакна дека вкупниот обрт на овие 100 компании рангирани како најуспешни формира бројка од 524 милиони евра, или 3 % од вкупниот обрт во земјата. Бројот на вработени во овие компании прераснал на 5600 што значи дека овие компании растат и се развиват во правилна насока.

Во продолжение Извршниот директор на СКСЗМ,г-дин.Арбен Халили го презентираше каталогот, ТОП 10 најуспешни компании и компанијата со највисок раст во последните три години.

Првата награда отиде кај компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ и нејзиниот сопственик г-дин.Џемаил Даути, компанија која ја започна својата мисија во 90-тите години и со нејзината макотрпна работа успеа денеска да се класифицира како најуспешна компанија според методологијата и горенаведените критериуми.

Втората награда му припадна на компанијата АЛМА-М од Скопје, во сопственост на г-дин.Муарем Муртезани. Третата награда ја доби компанијата ЕУРОАКТИВА и компанијата ЕУРОМЕДИА, со оглед на фактот дека се класифицирани со исти бодови и еднаков успех. Посебна награда за највисок раст во последните три години, му се додели на компанијата НАБИЗИ и нејзиниот сопственик г-дин.Камбер Бизати од Струга.

Каталогот TOP 100 за 2014 година можете да го најдете во електронска верзија на официјалната страна СКСЗМ.

 

 

 

About The Author

Related posts

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Share This