Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија искажува длабока загриженост за сигурноста и безбедносната состојба во земјата | OEMVP Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија искажува длабока загриженост за сигурноста и безбедносната состојба во земјата – OEMVP

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија искажува длабока загриженост за сигурноста и безбедносната состојба во земјата

19 Јуни 2018 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија искажува длабока загриженост за сигурноста и безбедносната состојба во земјата, особено во Скопскиот и Полошкиот регион а поврзано со последните случувања каде неколку продажни места, односно маркети кои се лоцирани во населени места во Скопје и Тетово се јавуваат како мета на крадци кои го доведуваат во опасност и животот на граѓаните.

Воедно, нагласуваме дека спокојноста и безбедноста на животот на граѓаните, како и одржувањето на јавниот ред и мир, се еден од најосновните и најважните приоритети и услови кои треба да бидат загарантирани од државата и државните институции.

Од таа причина, бараме од институциите надлежни за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност соодветно и навремено да превземат чекори кон сузбивање на криминалните случаи и воспоставување на нормален и мирен тек на работите, каде граѓаните ќе се чувствуваат и ќе бидат безбедни од една страна, а од друга страна бизнис заедницата ќе има можност за тековно и редовно водење на бизнис, во услови каде нема да биде доведено во опасност нивното секојдневно работење. Имено, бараме навремено и одговорно да се преземат чекори за контрола и воспоставување на јавна сигурност и безбедност која е потребна за бизнисот.

Следствено, порачуваме и апелираме до надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа, и воедно сакаме да ја искажеме нашата подготвеност да помогнеме во изградба на институционален механизам за превенција и казнување на секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нашите членки. Оттаму инсистирањето на квалитет во тој процес е логична нужност доколку сакаме институционална функционалност, ефикасност и одговорност. СКСЗМ смета дека тоа е во заеднички интерес, пред се во име на заедничките цели што ги споделуваме, а тоа се високи стандарди во рамки на современите трендови во областа на безбедноста.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во интерес на бизнис заедницата се ангажира кон зајакнување на соработката со државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина. Како клучно прашање се наметнува потребата за објективна изработка на проценка на ризик за секое работно место, како и потребата ова прашање да се третира со најголемо внимание и истото да се реализира според фактичката состојба, а не според систематизацијата на работни места.

 

About The Author

Related posts

Share This