Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денес потпиша меморандум за соработка со Советот за Унапредување и Надзор на Ревизијата на Република Македонија | OEMVP Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денес потпиша меморандум за соработка со Советот за Унапредување и Надзор на Ревизијата на Република Македонија – OEMVP

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денес потпиша меморандум за соработка со Советот за Унапредување и Надзор на Ревизијата на Република Македонија

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денес потпиша меморандум за соработка со Советот за Унапредување и Надзор на Ревизијата на Република Македонија со цел на соработка помеѓу двете институции заради подобрување на капацитетот и квалитетот на ревизијата во државата.

Само со квалитетна и етичка ревизија, ќе се заштитат интересите на домашните инвеститори и тие странски, кредиторите, банкарите и пошироката јавност, бидејќи одлуките за инвестирање и финансирање на трговските субјекти се носат на основа на анализата на нивните финансиски извештаи.

Затоа, СКСЗМ како легитимен претставник на бизнисите е заинтересирана за авансирање на ревизијата во државата, унапредување на ревизорската професија, подобрување на квалитетот на ревизорските услуги во Македонија, подобрување на пазарот за ревизија каде би се овозможило целосно вклучување на сите субјекти кои се засегнати во овој процес, почнувајќи од компаниите како учесници на пазарот и овластените ревизори организирани како ревизорски друштва или трговци поединци, каде што етничката застапеност основано на уставните начела би била посебна грижа во овој случај. Секако, СКСЗМ  изразува подготвеност да помогне во процесот на промовирање на ревизијата кај нејзините членки, од каде што ќе почне да се гради свеста на компаниите за позитивниот ефект на ревизијата и ќе влијае врз создавањето на една добра бизнис клима во државата. Истотака, СКСЗМ го изразува ставот дека правичното застапување на албанците како во сите институции така и во оваа институција, како и лиценцирањето на албанските ревизори ќе влијае врз албанските компании преку нивното запознавање со ревизијата и потребата од нивното спроведување во пракса.

 

Потпишувањето на овој Меморандум помеѓу двете институции, претставува продолжување на едногодишните интензивни активности на Советот заради подобрување на целокупната бизнис клима каде СКСЗМ се појавува како стратешки партнер за достигнување на оваа цел во иднина.

Потпишувањето на овој Меморандум беше направено од Извршниот Директор на СКСЗМ г-дин Дриљон Исени и од Претседателот на Советот за Унапредување и Надзор на Ревизијата во Република Македонија, г-дин Премтим Исени.

 

About The Author

Related posts

Share This