Средба со Американско-израелската стопанска комора: дијаспората со висок потенцијал за инвестирање во Македонија | OEMVP Средба со Американско-израелската стопанска комора: дијаспората со висок потенцијал за инвестирање во Македонија – OEMVP

Средба со Американско-израелската стопанска комора: дијаспората со висок потенцијал за инвестирање во Македонија

23 Август 2017 – Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа оствари средба со членот на одборот на Американско – Израелската Стопанската комора, Мамут Скендери.

На овој состанок беше разговарано за активности, планови и идеи за развој на соработката со домашните инвеститори и дијаспората, како и интензивирање на соработката со странските инвеститори, инвестициски можности, даночниот систем, царинските постапки и други економски бројни ресурси кои Република Македонија ги нуди за бизнисмените од диаспора.

Претставувајќи ја Македонија како атрактивна земја за инвестирање, претседателот Хоџа оцени дека е од многу голема важност овие можности да се искористат повеќе од нашата дијаспора.
Целта на средбата беше присутните да се запознаат со клучните фактори кои придонесоа за успехот на инвестициите од дијаспората, како и да бидат информирани за потребите на дијаспората со цел да се постигне поголем број на инвестиции и други успешни проекти.

Потоа, средбата продолжи во духот на конструктивна дебата во Владата на Република Македонија, со министерот за односи со дијаспората Едмонд Адеми, каде што се дискутираше за решавање на сите прашања од интерес за бизнисите на дијаспората, вклучувајќи сугестии за понатамошно подобрување, што ќе резултира со уште поголема посветеност на нивните инвестиции во земјата и потребата за развој на Национална стратегија за соработка со дијаспората 2018-2023.

 

About The Author

Related posts

Share This