СКСЗМ ja организираше ифтарската трпеза | OEMVP СКСЗМ ja организираше ифтарската трпеза – OEMVP

СКСЗМ ja организираше ифтарската трпеза

09 Јуни 2017 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија синоќа ја организираше ифтарската вечера во New Star по повод светиот месец Рамазан, кaде на едно место ги соединува претставниците на државните институции и личностите од јавниот живот со бизнис заедницата.

Неби Хоџа во својот говор им се заблагодари на Делегацијата на Европската Унија и претставниците на УСАИД, како поддржувачи на демократијата и економскиот развој на нашата земја, исто така да им се заблагодари и на нашите партнери и спонзори кои ја поддржуваат Комората во секоја нејзина активност

„Денес за прв пат во Софра имаме две службени лица, еден од централната Власт и еден од бизнис секторот, каде рамо до рамо ќе бидат посветени на заштита и промоција на бизнисот и  со тоа да се создаде поволна средина за сите граѓани на Македонија. Исламот, како и другите религии алудира мир, толеранција и почитување на меѓучовековите односи.” – кажа претседателот Неби Хоџа.

На оваа вечера присуствуваше и Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој и се заблагодари на Комората за организирањето на оваа вечера како добра можност за унапредување на соработката со сите институции на нашата земја и бизнис претпријатија за подобра иднина на нашето општество.

Истотака, претседателот на Исламската верска заедница, рече дека месецот Рамазан не благослови уште повеќе од другите месеци, со благородност, великодушност, со поддавање на рака на оние кои имаат потреба.

Гости на оваа вечера беа и заменик Претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Албанија, Италија, Словенија и Катар, градоначалници и компаниите членки на Комората.

About The Author

Related posts

Share This