СКСЗМ ќе ја следи спроведувањето на третиот столб на Планот за економски раст | OEMVP СКСЗМ ќе ја следи спроведувањето на третиот столб на Планот за економски раст – OEMVP

СКСЗМ ќе ја следи спроведувањето на третиот столб на Планот за економски раст

23 април 2018  – По барање на СКСЗМ до Владата за формирање на работна група која од блиску ќе го следи спроведувањето на Третиот столб предвиден во Планот за економски раст на Република Македонија, Владата на Република Македонија ги презеде првите чекори.

Така, Владата го разгледа барањето и донесе одлука дека СКСЗМ во координација со заменик-претседателот  за економски прашања и за координација со економските  ресори Кочо Анѓушев, други економски ресори во земјата, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за економија, Стопанската комора на Македонија и Сојузот  на стопанските комори на Македонија да формира работна група која ќе го следи чекор по чекор спроведувањето на мерките утврдени во третиот столб од Планот за економски раст на Република Македонија.

На овој начин, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија уште еднаш докажа дека е институција која има влијание и постојано работи  во насока на олеснување и подобрување на климата за водење бизнис во нашата земја.

About The Author

Related posts

Share This