СКСЗМ ја враќа Македонија во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста (GCI) кој се спроведува од страна на Светскиот Економски Форум (WEF) | OEMVP СКСЗМ ја враќа Македонија во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста (GCI) кој се спроведува од страна на Светскиот Економски Форум (WEF) – OEMVP

СКСЗМ ја враќа Македонија во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста (GCI) кој се спроведува од страна на Светскиот Економски Форум (WEF)

Променливата природа на економската конкурентност во светот каде постојано се истакнуваат нови технологии, создавајќи нов предизвик за бизнисите и владите, кои на колективен начин се изложени на опасноста на негативното влијание врз економскиот раст и продуктивност. Ова е главното прашање кое може да се забележи во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста од Светскиот Економски Форум (WEF), кој беше објавен денеска. Врз основа на извештајот кој оваа година користи потполно нова методологија во која целосно се вклучени факторите за целосно да ја опфатат динамиката на глобалната економија во Четвртата индустриска револуција, многу фактори кои ќе имаат најголемо влијание во конкурентноста во иднина не биле во фокусот на најважните политички одлуки во минатото. Ова вклучува генерирање на идеи, претприемачка култура, отворен пристап и умешност. Во извештајот за 2018 година има податоци за 140 економии кои преку 98 индикатори се организирани во 12 столбови

Стопанската Комора на Северо-Западна оваа година се појавува во својство на институционален партнер на Светскиот Економски Форум (WEF), која има помогнато во спроведувањето на овој важен извештај кој не запознава со релевантните податоци кои ја оценуваат конкурентноста, продуктивноста и просперитетот на државите. Ова значи дека во извештајот за оваа година вклучена е и Република Македонија. Според податоците, Р. Македонија се рангира некаде на средината или на претпоследното место во регионот Европа и Северна Америка. Извештајот за 2018 година е транспарентен и претставува вистинска слика за Р. Македонија, бидејќи се заснова на реални податоци преку бројни анкети и истражувања направени од страна на СКСЗМ. Така, може да се добие реален впечаток за фактичката состојба која е присутна во нашата земја. Глобализацијата и иновациите несомнено ќе бидат секогаш поттикнувачи на државата за да се постигне подобра благосостојба. Тука огромно влијание имаат клучните креатори на политики кои ќе влијаат на развојот и напредокот на државата, помагајќи и во многу области, преку кои ќе се постигне безбедно соочување со новите глобални економски трендови и во сите други сфери.

 

About The Author

Related posts

Share This