СКСЗМ со став за првите 100 дена владеење на новата Влада | OEMVP СКСЗМ со став за првите 100 дена владеење на новата Влада – OEMVP

СКСЗМ со став за првите 100 дена владеење на новата Влада

11 Септември 2017 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија како и секогаш ги следи настаните кои се од интерес за бизнисот, и по тој повод денес на прес конференцијата го презентираше нивниот став за првите 100 дена владеење на новата Влада. И овој пат на конструктивен начин, ги соопшти нивните проценки за преземените мерки од страна на Владата.

Според СКСЗМ, „почнувајќи од макроекономските параметри, не може да кажеме дека резултатите се задоволителни за бизнисот, бидејќи во вториот квартал имаме негативен раст на БДП од 1,8% и 0% во првиот квартал, што значи дека рецесијата ни е на прагот. Секако, треба да се направи и проценка на целите на БДП, бидејќи зголемувањето од 2,2% е невозможно, и ќе бидеме задоволни ако оваа година постигнеме раст од 0,7 до 1% од БДП. Сето ова го следи она што го нагласувавме во изминатите години дека 2017 година ќе биде многу тешка година за нашата економија.„

Осврнувајќи се конкретно на 100-те дена на Влада, СКСЗМ го поддржува зголемувањето на минималната плата и субвенционирањето на неколку сектори и бара внимателен пристап и транспарентност на Владата кон компаниите на кои ќе им ги распредели овие субвенции со цел да нема злоупотребувања.

СКСЗМ со забелешки кон проектот Гаранција за младите за кој Владата одвои 9 милиони евра од ребалансот на буџетот за бруто платите, како многу сеопфатена мерка и на истиот не е извршен cost-benefit анализа и ефектот ќе биде минорен од макроекономски аспект! Понатаму, нивото на сумата за подршка на МСП во висина од 2,1 милиони евра и субвенциите на земјоделците, Комората ги смета како незадоволителни мерки и повторно нема јасни цели што ќе се случи после распределбата на субвенциите.

Комората е конзистентна во своите барања особено за инфраструктурните проблеми во индустриската зона Визбегово и поплавените компаниите од Хасанбег, за кои Владата вети решавање, но сеуште не се преземени конкретни чекори, иако Комората испратила предлог мерки за тоа како нивната помош да се реализира.

Во продолжение, во соопштението стои дека „судските реформи сé уште заостануваат, затоа ова треба да се реши што е можно побргу за да се врати владеење на правото„ Во однос на социјалните мерки преземени од страна на Владата за намалување на сиромаштијата, СКСЗМ ја поддржува во тој правец но со услов да се има подетален план за овие субвенции или помош, бидејќи можно е да не го постигнат вистинскиот ефект и дека без детална среднорочна стратегија за тоа каде нашата економија треба да оди, не можеме да очекуваме задоволителни резултати. Мора да се подобри пристапот до финансии за домашните компании преку пониски каматни стапки и да се искористат грантовите со цел бизнисите да напредуваат и да бидат поконкурентни на регионалните и глобалните пазари. Треба да се поддржат иновациите,  женското претриемништво и на младите, и конечно да започне квантитативно и квалитативно поддржување  на рамномерниот регионален развој.

За крај, за здрава економија СКСЗМ смета дека мора да се направи деполитизација на државните институции, и се минимизира неефикасноста на администрацијата или државните институции, како и подготовка на соодветна стратегија за економски развој.

About The Author

Related posts

Share This