СКСЗМ со нова услуга – Деловна Перформанса | OEMVP СКСЗМ со нова услуга – Деловна Перформанса – OEMVP
Breaking News

СКСЗМ со нова услуга – Деловна Перформанса

25 Мај 2016 – Земајќи ги во предвид потребите на членството за обезбедување точни информации за перформансите на постојните или потенцијалните клиенти, Стопанската Комора на Северо -Западна Македонија(СКСЗМ) на своето портфолио додаде нова услуга наречена Деловна перформанса.

Со оваа услуга, СКСЗМ обезбедува пристап до бизнис информации, кои се вклучени во постојано ажурирана интернет платформата- Бизнис Мрежа, која всушност претставува најголемата база на податоци за правни лица (фирми) во државата и на тој начин овозможува пристап до сите активни деловни субјекти во Република Македонија.

Со вашето барање, ќе ви обезбедиме целосна информација за тековна или мината состојба на домашните компании (од 2006 година навака). Значи, ако барате нови партнери за водење бизнис, ве интересира вмрежувањето на претпријатијата, сакате точни информации и најнови информации за работата на клиенти/ партнери, сакате да знаете како се развивал бизнисот на конкретни компании во минатото, потребни ви се финансиски извештаи за вашите бизнис партнери или податоци за подружниците на вашите клиенти, слободно може да обратите до СКСЗМ и ќе добиете одговор во многу краток временски период.

Услугата Деловна перформанса се состои од неколку пакети посебни услуги. Во принцип, секој побаран пакет има одредени финансиски трошоци. Сепак, за вас како членови на Комората   постои значителен попуст од 20-50% во зависност од пакетот. За да ги видите сите пакети понудени во рамките на оваа услуга, ве молиме кликнете тука.

Сега побрзо и попрецизно од кога и да е, може да добиете информации за било која компанија која од различни причини е во фокусот на вашето внимание.

Се  што е потребно да направите е да не контактирате на нашата e-mail адреса: info@oemvp.org или на телефонски број : 2 3239 252 и да не известите за информациите кои ви се потребни.

About The Author

Related posts

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Share This