Законите да се почитуваат од државата бидејќи тие се почитувани од бизнисите | OEMVP Законите да се почитуваат од државата бидејќи тие се почитувани од бизнисите – OEMVP

Законите да се почитуваат од државата бидејќи тие се почитувани од бизнисите

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска на прес-конференција реагираше за проблемите со кои се соочуваат бизнисите при нивното работење. Таа ја поздравува посветеноста на државните институции за подобрување на законската регулатива и условите за водење бизнис, и ја подржува секоја иницијатива и чекор кој се презема за да се олесни работата на компаниите кои дејствуваат на пазарот, како и секогаш и овој пат изјавуваме дека сме подготвени, со дејствување во партнерство и добра верба со државните институции на било кое ниво, да помогнеме во подобрувањето на бизнис климата и да придонесеме во економскиот развој на земјата.

Случајот на укинување на деталните урбанистички планови во Општина Карпош и Општина Аеродром се еклатантни случаи каде што голем број од бизнисите претрпеа огромни финансиски загуби, не поради непринципиелното однесување и недостатоците во одобрување на плановите, но во одредени случаи и од неодговорното однесување на институциите кои не ги почитуваат законските обврски во својата работа. Со овие дејства  се прекинува реализацијата на инвестициските проекти на градежните компании.

Оттука, имајќи ги во предвид сите овие случаи, Им апелираме на централните и локалните институции за проблемите со кои се соочува бизнисот, особено во последно време, да им се пристапи со поголема посветеност и сериозност за истите да се  решат и да не се повторуваат.

 

About The Author

Related posts

Share This