СКСЗМ оствари средба со гувернерката на Народна банка на Република Македонија | OEMVP СКСЗМ оствари средба со гувернерката на Народна банка на Република Македонија – OEMVP

СКСЗМ оствари средба со гувернерката на Народна банка на Република Македонија

Денес, делегацијата на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, предводена од претседателот на Комората, г. Неби Хоџа, во посета на Народната банка на  Република Македонија и честитаа на г-ѓа Анита Ангеловска Бежовска за позицијата гувернер на Народна Банка на РМ. НБРМ претставува независна и важна институција каде што преку постигнување и одржување на ценовна стабилност, како и обиди за одржување на одржлив, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, придонесува за одржување и подобрување на стабилноста и економското опкружување во државата.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија остана задоволна од оваа средба, каде меѓу другото се дискутираше и можноста за воспоставување на соработка во иднина меѓу СКСЗМ и НБРМ, во разни области, како што се проекциите  на економските движења во земјата со вклучување на бизнис гледиштето, со цел да се стремиме да ги постигнеме најпрецизните проекции, бидјеќи бизнисот директно влијае на домашната економија. Пофалните зборови не изостануваа за комората, каде гувернерката  ја оцени комората како влијателна институција во Македонија која постојано ги изразува своите ставови и активно има тенденција да влијае врз создавањето на позитивно опкружување во земјата.

About The Author

Related posts

Share This