СКСЗМ организираше средба со Заменик Претседателот на Владата задолжен за Економски Прашања, и албанските министри и заменици на министрите од Владата на РМ | OEMVP СКСЗМ организираше средба со Заменик Претседателот на Владата задолжен за Економски Прашања, и албанските министри и заменици на министрите од Владата на РМ – OEMVP

СКСЗМ организираше средба со Заменик Претседателот на Владата задолжен за Економски Прашања, и албанските министри и заменици на министрите од Владата на РМ

Денеска во просториите на СКСЗМ се одржа средба на тема “Придобивките на бизнисите со членството во НАТО” каде учесници беа Претседателот на СКСЗМ г-дин Неби Хоџа, з. Претседател на Владата задолжен за Европски Прашања, г-дин Бујар Османи, други министри и заменици на министри од редовите на ДУИ како и претприемачи на компаниите членки на СКСЗМ. Главната цел на оваа средба беше дискутирањето за бенефициите од успешен референдум за членство во НАТО, како и евентуалните опасности кои ќе може да произлегуваат од неуспешен референдум.

Министрите и претприемачите водеа разни и олеснителни дискусии каде се видоа и реалните проблеми со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење. Проблемите се појавуваат секој ден, но единствениот начин за тие да се решат е да се организираат чести средби со групите од интерес каде ќе се покажуваат тие и ќе може да се одлучи и да се дадат различни совети за тоа како да се надмине големиот број на бариери кои постојат во водењето на бизнис во државата.

Едно од прашањата за кое се дискутираше кое истовремено ги тангира бизнисите, за патот на земјата кон членство во НАТО и ЕУ беше и хармонизирањето на законската регулатива со таа на Европската Унија. Според претприемачите, ова е прашање за кое треба да се помине време во кое компаниите од државата да го добијат квалитетот и потребните знаења, како и да ги добијат потребните средства за да конкурираат со европските гиганти на европскиот и глобалниот пазар. За да се дојде до ова потребно е секогаш да се има комуникација со креаторите на политиката во државата, бидејќи тие се поттикнувачи на политичките и стратешките процеси во земјата, значи во овој случај за процесите со посебен интерес од областа на економијата.

 

 

About The Author

Related posts

Share This