СКСЗМ организираше ифтарска вечер | OEMVP СКСЗМ организираше ифтарска вечер – OEMVP
Breaking News

СКСЗМ организираше ифтарска вечер

06 Jуни 2018 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија вчера ја организираше ифтарската трпеза во хотел New Star во Скопје.

“Самиот месец на Рамазан претставува економски циклус, бидејќи во овој месец луѓето ја зголемуваат потрошувачката, помошта за сиромашните, што покажува поголем промет за нашата економија и насекаде. Се разбира, за постигнување на нивоата на напредокот ние целиме, мора да имаме толеранција, мир и хармонија меѓу нас, без да ги разликуваме од религијата, нацијата, политичката партија на која им припаѓаат. Овие се и постулатите на исламот, која во суштина значи мир.” – истакна претседателот Хоџа, и додаде дека само вака обединети како во оваа ифтарска софра и со меѓусебно разбирање и доверба помеѓу нас можеме да ја промениме економската ситуација во земјата и да ги задржиме нашите млади во земјата.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, исто така, ги поздрави присутните и наведе дека со вакви активности СКСЗМ придонесува за поблиско запознавање на личностите од јавниот живот и деловната заедница.

На вечерата истотака присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, министри, амбасадори, градоначалници, бројни личности од јавниот и политичкиот живот во земјата, како и претставници од бизнис заедницата.

About The Author

Related posts

Share This