СКСЗМ одржа работна средба со претседателот на Владата и владиниот кабинет на Република Македонија | OEMVP СКСЗМ одржа работна средба со претседателот на Владата и владиниот кабинет на Република Македонија – OEMVP

СКСЗМ одржа работна средба со претседателот на Владата и владиниот кабинет на Република Македонија

27 Јули 2017 – Со цел разменување на идеи и размислување, како и информирање за програмата за економски реформи на новата Влада за создавање на подобра бизнис клима и еднакви можности за сите кое ќе допринесе во изградување на лојалност и зајакнување на конкурентската предност на компаниите на пазарот, Стопанска Комора на Северо – Западна Македонија реализираше работна средба помеѓу нејзините членки и претседателот на Владата  на Република Македонија, г-дин Зоран Заев и министрите од економскиот кабинет на Република Македонија.

Оваа средба имаше интерактивен карактер при што од страна на Комората преку  претседателот на СКСЗМ г- дин Неби Хоџа  беа презентирани мерките и предлозите за економски раст и развој како и иницијативите за подобрување на работењето на државните институции предвидени со платформата на СКСЗМ.

На работната средба учествуваа г-дин Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, г-дин Крешник Бектеши, министер за економија, г-дин Садула Дураку, министер за екологија, г-дин Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски, г-дин Лупчо Николоски, министер за земјоделство, и над 100 претставници на компаниите – членки на Комората.

Претседателот на СКСЗМ г- дин Неби Хоџа  стави посебен акцент на поедноставување на административните постапки; подобрување на инфраструктурата; поголем пристап до финансирање на компаниите, исто така Комората предложи оваа Влада да се фокусира во поттикнување вработување на жени или политики и практики за можности и вработување на жени во нетрадиционални улоги и сектори како неопходен дел во долгорочната стратегија за економски развој на државата како и многу битен и неопходен чекор на ова Влада е да направи попис на населението, бидејќи точните информации се можност и едноставно механизам за планирање и изготвување плански решенија.

Од друга страна, премиерот Заев нагласи дека 80 отсто од барањата на СКСЗМ се вградени во владината економска програма, но ги повика сопанствениците нивните критики, сугестии и предлози да ги предложат преку Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија.

Истотака, премиерот Заев нагласи дека барањата на компаниите да се адресираат преку Комората, бидејќи на овој начин, рече,  Владата ќе работи во полза на бизнисот, граѓаните и државата и ќе биде нивен сервис.

Според него, 90 милиони евра или еден отсто од БДП годишно ќе бидат реализирани за рамномерен регионален развој, а секој денар заштеден во Буџетот ќе се инвестира во капитални инвестиции, наместо во споменици.

Премиерот Заев најави дека ќе се изедначат условите за домашните и странските инвеститори,како и се осврна и на даночната евазија, посочувајќи ја како голем проблем на државата. Во овој контекст рече дека ќе се посегне по мерки кои ќе значат чесно наплаќање на данокот на додадена вредност, а намерата на инспекторите нема да биде казнување, туку укажување и предупредување.

– Ако бизнисот тера напред, ќе се развива и државата, ќе има работни места за граѓаните и повеќе пари во Буџетот од даноците, потенцира Заев.

За време на дискусијата, од страна на членките на СКСЗМ, како еден од најголемите проблеми во моментов  е зоната во Визбегово. Долго се чека одобрение за градба, земјиштето е уште земјоделско, нема канализација, водовод…укажаа стопанстваниците. Потоа, нерамномерен регионален развој, обештетување на штетите на компаниите од поплавите во Сингелиќ, попис на населението како многу битна информација и развивање на среднорочна стратегија за економски развој.

About The Author

Related posts

Share This