СКСЗМ и Стопанската комора на Унгарија во РМ потпишаа меморандум за соработка | OEMVP СКСЗМ и Стопанската комора на Унгарија во РМ потпишаа меморандум за соработка – OEMVP
СКСЗМ и Стопанската комора на Унгарија во РМ потпишаа меморандум за соработка

СКСЗМ и Стопанската комора на Унгарија во РМ потпишаа меморандум за соработка

14 Јуни 2017 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Трговската комора на Унгарија во Република Македонија денес потпишаа меморандум за соработка. Земајќи го предвид фактот за натамошен развој на стопанската дејност на северозападниот регион на Македонија и потребата за натамошно продолжување и продлабочување на трговската соработка, со оваа соработка ќе се воспостави меѓусебна соработка, координација и ефективен дијалог во спроведување на економските активности на деловните субјекти во северозападна Македонија.

Говорејќи за можностите за соработка со унгарската стопанска комора, претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа го истакна и заедничкото аплицирање во разни меѓународни проекти во соработка со претпријатијата од нашата земја.

Заменик претседателот на Групацијата на бизнис жени, Мерита Рамадани Алими рече дека верува во оваа иницијатива и се надева дека наскоро ќе бидат во можност да ги споделат резултатите што ќе произлезат од оваа соработка и заеднички да прослават многу нови успеси.

Истотака, ке се ангажираат кон спроведување на реформи во процесот на деловна активност и иновативност на членките на комората на Северозападна Македонија, како и обезбедување на полна логистика во процесот на имплементација на нови технологии во рамките на производствениот процес.

Во рамките на оваа соработка, ке се реализираат активности кон промоција на компаниите од областа на земјоделието, фармацевската индустрија, комуналните дејности, заштита на животната средина, прехрамбена индустрија и други стопански дејности пред преставници на трговски друштва од Р.Унгарија.

Планираме и заедничко преставување на саеми и остарување на контакти со бизнис и деловни партнери од Унгарија за натамошна соработка.

Потпишувањето на овој договор е првиот чекор во развојот на односите меѓу двете земји во областа на економијата. Овој меморандум ќе им овозможи на компаниите во Македонија и Унгарија да ги зголемат нивните бизнис активности и да ги прошират своите пазари.

Related posts

Share This

Share this post with your friends!