СКСЗМ денеска беше посетено од претставници на Одделот за Индустриска Политика на Р. Косово | OEMVP СКСЗМ денеска беше посетено од претставници на Одделот за Индустриска Политика на Р. Косово – OEMVP

СКСЗМ денеска беше посетено од претставници на Одделот за Индустриска Политика на Р. Косово

Денес, во СКСЗМ се одржа состанок каде што беа присутни раководителот на Одделот за Индустриска Политика на Р. Косово, Игбале Реџа – Јашари и претставници. Од страната на СКСЗМ присутни беа г. Неби Хоџа и делегација на Комората. На овој состанок беше извршено запознавање на двете организации меѓу себе за различни производствени активности кои се вршат во Косово и Македонија и секако се отворија можности за понатамошна широка соработка.

Различните политички и економски движења имаат големо влијание врз индустриската политика. Од овој аспект, ваквата политика мора да има незамислива поддршка од страна на државните институции, како комунални, така и државни. Исто така беше дискутирано за зближување на бизнисите со можност за воспоставување на заеднички царински систем, при што ќе може да се ублажат деловните бариери, а особено за компаниите кои се занимаваат со индустриска производна активност.

 

About The Author

Related posts

Share This