СКСЗМ ги прогласи 100-те најдобри компании во Македонија | OEMVP СКСЗМ ги прогласи 100-те најдобри компании во Македонија – OEMVP

СКСЗМ ги прогласи 100-те најдобри компании во Македонија

30 Ноември 2017  – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денес ги објави најдобрите албански компании во Македонија. Овој проект се реализира по седми пат и се прави избор на најмоќните компании во изминатата година кои имаат постигнато одредени перформанси и продолжуваат со постигнување на позитивни резултати, благодарение на успешното управување на нивните претпријатија. Во Топ 100 се избираат најуспешните албански компании во Македонија врз основа на три главни категории, како што се: вкупниот годишен приход, нето-добивката, бројот на вработени и инвестиции.

Дриљон Исени, Извршниот Директор на СКСЗМ го претстави годишниот обрт на компаниите во претходните четири години, истакнувајќи дека постои пораст од 35,77%, а во однос на нето добивката, иако таа е зголемена за 41.43% од 2012 година, како најуспешна година може да се смета 2016-та година со добивка од околу 43 милиони евра. Со вкупен број од 5,256 вработени во компании кои се дел од каталогот Топ 100 до крајот на 2016 година е забележан пораст од 31,73% во изминатите пет години.

“Трендот на ориентација на бизнисмените кон трговијата и градежништвото продолжува. Имајќи го предвид ова, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги поддржува производствените компании и постојано се обидува да најде алтернативни можности за поттикнување на производството, создавање на нови работни места и економски развој како предуслов за надминување на проблемите со кои се соочува општеството а особено претријатијата. “- изјави Неби Хоџа, Претседател на СКСЗМ.

КИПЕР  компанијата ја доби првата награда за достигнувањата во текот на минатата година и беше прогласена како најуспешна компанија за 2016 година.

Како втора најуспешна компанија беше прогласена Даути Комерц а на третото место е компанијата Нептун.

Бас Тути Фрути компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, а петтото место и припадна на  Алма М компанијата.

Оваа година Стопанската комора на Северозападна Македонија во текот на церемонијата додели награди во три нови категории: за најбрзорастечката компанија ГЕГА од Струга, најликвидната компанија СБВ КОМПАНИ од Скопје и компанија со најмногу инвестиции ЕРЈОНИ од Тетово.

На настанот присуствуваше и премиерот г-дин Зоран Заев, претседателот на Владата г-дин Таљат Џафери, заменик претседателот Кочо Анѓупшев, претседателите на политичките партии Али Ахмети и Билал Касами,  министрите Крешник Бектеши и Садула Дураки, претседателите на стопанските комори, градоначалници, претставници на институции и бизнис заедницата.

СКСЗМ цели кон понатамошно промовирање на овие компании во домашниот и меѓународниот пазар, како потенцијални компании за инвестиции, нови врски во областа на внатрешната, регионалната и меѓународната трговија, компании кои создаваат нови работни места, компании со корпоративна одговорност, компании кои имаат влијание врз економскиот и социјалниот развој на земјата.

Генерален спонзор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и на манифестацијата ТОП 100 е Уника, компанијата Quantum, златен спонзор Македонски Телеком, сребрен спонзор Еуросиг, ЕВН и Киппер, бронзен спонзор Халк Банка, Стопанска Банка, Вип Оне и Ликуки Хоме.

About The Author

Related posts

Share This