СКСЗМ ги прогласи ТОП 100 најуспешните компании | OEMVP СКСЗМ ги прогласи ТОП 100 најуспешните компании – OEMVP

СКСЗМ ги прогласи ТОП 100 најуспешните компании

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска ги објави ТОП 100 најуспешните албански компании во Македонија. Овој настан е реализиран по осми пат и го прави изборот на најмоќните компании во изминатата година кои имаат постигнато успех врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишниот приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и ROE (поврат на капитал).

ТОП 100 докажува како компаниите се храбри да ризикуваат премногу за да стигнат до бројките кои го одразуваат успехот, што директно влијае на економијата на државата. Иако не секогаш ја добиваат вистинската поддршка од многуте институции во земјата, оние со професионалност и етика ги постигнуваат своите цели. Нивото на успех може само да кулминира со обединувањето на силите – рече Неби Хоџа.- Претседател на СКСЗМ.

Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ ја презентираше методологијата за избор на ТОП 100 компании за оваа година. Исто така, оваа година, каталогот има новости за зоната на Визбегово, кој регион претставува значаен сегмент за развој на економијата во нашата земја.

Затоа, за да постигнеме поголем успех, неопходно е соработката со извршната власт да биде на највисоко можно ниво. Соработка СКСЗМ – Влада се постигнува само кога имаме вера во едни со други и заемно почитување, како основна компонента на мисијата и должност на секој успех. СКСЗМ секогаш ќе продолжи да биде коректор на макроекономската политика, во секое време да бара одговорност од владата за потребите на бизнисот и ќе лобира за нив да станат дел од среднорочните и долгорочните политики. – рече претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата е отворена за дијалог со бизнисите и дека бизнисмените може да го сметаат за достоинствен партнер и услуга која, колку што постои, ќе ви служи. ТОП 100 најмоќните компании играат важна улога во економијата на државата со нивните инвестиции, како и отворањето на нови работни места.

Компанијата што ја доби првата награда оваа година и беше прогласена за најуспешна компанија за 2017 година е компанијата НЕПТУН.

Како втора најуспешна компанија беше прогласена KIPPER, а на трето место беше компанијата BAS TUTI FRUTI. POFIX компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, додека петтата награда ја доби ВАРДАР ДОЛОМИТ од Гостивар.

Оваа година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за време на манифестацијата додели награди и во три категории: за најбрзорастечката компанија во последните три години, компанијата АЛА од Струга, компанија за успешна трансформација на бизнисот, АДЕЛ ХОЛДИНГ од Тетово и  компанија за најбрзо проширување на глобалните пазари Куантум од Скопје.

Во оваа манифестација присуствуваа Премиерот г. Зоран Заев, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, заменик-Премиерот за европски прашања, г. Бујар Османи, лидерите на политичките партии г. Христијан Мицковски, г. Весел Мемеди и г. Билал Касами, претставници на други државни и бизнис институции, амбасадори, други гости од земјава и странски држави.

Генерален спонзор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и на ТОП 100 манифестација е УНИКА, други спонзори се компаниите Квантум, Адел Холдинг, Халкбанк, ЕВН и Стопанска Банка.

 

About The Author

Related posts

Share This