СКСЗМ во големото семејство на УСАИД, – проектот за развој на деловниот екосистем | OEMVP СКСЗМ во големото семејство на УСАИД, – проектот за развој на деловниот екосистем – OEMVP
Breaking News

СКСЗМ во големото семејство на УСАИД, – проектот за развој на деловниот екосистем

СКСЗМ ги следи светските трендови и има за цел во иднина да направи  дигитализација на услугите, кои што ќе овозможат полесна комуникација помеѓу членовите. За оваа причина, денес беше потпишан договорот за грант со проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој се стреми кон унапредувањето на бизнисот, отворањето на нови работни места, што овозможува услови за развој, најголем пораст на добивката и предностите, како и полесен начин за обезбедување на точни информации и податоци. Нашата мисија е да се организира, унапредува, заштитува и промовираат бизнис интересите дома и во странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција., што може да се постигне поефикасно и поефективно преку дигитализација. На сличен начин унапредувањето и промовирањето на компании во странство ќе се врши преку активноста на проширување на пазарот, каде првично ќе бидат создадени платформи за извоз и да им се помогне на компаниите за постапки и совети кои се во согласност со барањата на пазарите во кои тие планираат да се водат. Проектот, исто така, предвидува Деск за услугите на членството, кое секогаш ќе биде достапно преку електронска платформа во која секогаш ќе  има пристап за тоа што има потреба.

 

Во рамките на овој проект, Извршниот директор Г-дин Дриљон Исени изјави дека оваа соработка ќе биде одлична можност за бизнисите во земјата, бидејќи ќе им овозможи да имаат поширок увид во се што е поврзано со компании и водење бизнис и ќе има големо влијание во развојот на економијата во целина, бидејќи предвидува бројни активности за микро, мали и средни претпријатија. Ова ќе резултира со подобрени услови и ќе доведе до унапредувањедување на услуги за членовите..

Значи, преку дневните консултации за поголемиот број на проблеми преку Дескот за услуги со членството, дигиталната платформа за B2B и наоѓањето на пазари сигурно ќе се заврши еден циклус на поддршката за членките до постигнување на главните цели, како што е трансформација на економијата во највисоко ниво на дигитализација, светот ќе биде во вашата дланка!

About The Author

Related posts

Share This