СКСЗМ бара мерки за мотивирање на дијаспората да инвестира во Македонија | OEMVP СКСЗМ бара мерки за мотивирање на дијаспората да инвестира во Македонија – OEMVP
Breaking News

СКСЗМ бара мерки за мотивирање на дијаспората да инвестира во Македонија

08 Март 2018 – СКСЗМ на денешниот состанок со министерот Крешник Бектеши ги дискутираше мерките за финансиска поддршка на инвестициите, мерки кои што се многу важни за бизнисот и економијата во општо.

Овиe мерки овозможуваат ист третман за сите инвеститори и притоа додаде дека Владата ќе бара начин да ги привлече иселениците да инвестираат во Македонија.  Со овој закон нудиме нови мерки со кои целиме кон поголема конкурентност на домашната економија и поголеми инвестиции – кажа министерот Бектеши.

Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа изјави дека Комората е задоволна од мерките за планот за економски раст и изрази поддршка за брзото усвојување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, но процени дека овие мерки треба да ги вклучуваат и микро, малите и средните претпријатија во текстот на законот и да ја прошират листата на други сектори кои имаат голем потенцијал за локалната економија и предвидат посебни мерки за компаниите кои доаѓаат од руралните средини и женското претприемништво, со посебен акцент на рамноправен регионален развој.

СКСЗМ процени дека треба да се работи и во донесувањето на неопходните правилници за спроведување на законот и подобро да се координираат со другите надлежни органи за државната помош и дека ако средствата се доволни ако истите соодветно се распеделат.

Министерот Бектеши истакна дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите наскоро ќе влезе во владина постапка и очекува спроведување на овој закон со кој се надева на обнова на економската активност во земјата.

На крај, министерот Бектеши ги покани сите компании да ги искористат мерките предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и со тоа да го подобрат животниот стандард на граѓаните и да го поттикнат економскиот развој на земјата.

 

About The Author

Related posts

Share This