Петте министри од економски ресори се обврзаа до крајот на месецот да им одговорат на четирите Стопанските комори за статусот на барањата поврзани со измените во регулативата | OEMVP Петте министри од економски ресори се обврзаа до крајот на месецот да им одговорат на четирите Стопанските комори за статусот на барањата поврзани со измените во регулативата – OEMVP

Петте министри од економски ресори се обврзаа до крајот на месецот да им одговорат на четирите Стопанските комори за статусот на барањата поврзани со измените во регулативата

На 20ти декември, во Владата на Република Македонија се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, којашто произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори и Стопанска комора на Северозападна Македонија).

Главната цел на овој процес е воспоставување на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, акцентирање на веќе препознаените проблематични делови од поедини закони, потенцијални измени и регулаторни норми кои се тешки или невозможни за соодветна имплементација и не ја постигнуваат целта на своето постоење.

Беа подвлечени повеќе теми кои се сметаат за актуелни, меѓу кои се најдоа прашањата за тековната измена на регулативата под надлежност на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделие.

На седницата беше договорено одговорите и ставовите на надлежните министерства да се достават најдоцна до крај на месец декември, а следна седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, според динамиката на работа, да се одржи на почетокот на месец март 2019 година,  со цел разгледување и усвојување на досегашната работа од коморите и исполнување на очекувањата на истите.

 

About The Author

Related posts

Share This