Патентирање и заштита на правата на индустриската сопственост | OEMVP Патентирање и заштита на правата на индустриската сопственост – OEMVP
Патентирање и заштита на правата на индустриската сопственост

ПАТЕНТ е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив.

СКСЗМ нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:

  • Составување и уредување на патентни спецификации, за пронајдоци од сите области на техниката(фармација, машинство, хемија, електротехника и др.
  • Регистрација на национални патенти, во сите земји од регионот
  • Меѓународна регистрација на патенти:, Поднесување на PCT пријави
  • Застапување пред EPO:, Водење на постапки за признавање на европски патенти пред ЕПО
  • Валидација на европски патенти, пред сите национални заводи
  • Екстензија на европски патенти, пред придружните членки на ЕПО
  • Уредување на патентни спецификаци во согласност со националните законодавства на државите, и подготовка на одговори на приговори и забелешки во фаза на испитување
  • Ануитети:, Одржување на патенти
  • TCM:, Постапки за издавање на дополнителен сертификат за продолжување на важење на патенти
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на патентни права
  • Проценки:, Вредносна евалуација на Патенти и пронајдоци
  • Преноси на право,

 

TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти.

  • Регистрација на трговски марки , во сите земји од регионот;
  • Меѓународна регистрација на трговски марки;
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Приговори, поднесување и одговарање;
  • Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
  • Поништувања,
  • Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.

Share This